dekri

ПРОЕКТ ДЕКРИ

ВОВЕД

Во Република Македонија организираниот криминал и корупцијата заземаат огромни димензии и сериозно го загрозуваат економскиот развој и правниот поредок на државата. При тоа, криминалот станува вредносна категорија, а не зло кое генерира нестабилност и социјални разлики и ја влече државата во целосен колапс.

Разорното и деструктивно дејство на организираниот криминал се забележува на секој чекор преку огромната невработеност, сиромаштијата, ерозијата на институциите на системот, инверзија на основните вредности, масовно иселување на младите и стручни кадри во странство, како и целосна блокада на органите задолжени за откривање и гонење на организираниот криминал и корупцијата. Со еден збор, криминалот ги загрозува демократските перспективи на Република Македонија.

За организираниот криминал постојат повеќе дефиниции, меѓу кои и дефиницијата прифатена од страна на Советот на Европа:”незаконски активности изведени од структурирани групи од три или повеќе лица што постојат подолг временски период и имаат цел да извршуваат сериозни кривични дела со насочена акција преку користење закани, насилство, корупција или други средства, за да стекне, директно или индиректно, финансиска или друга материјална корист”.

Оваа дефиниција не се вклопува со новите појавни облици на организираниот криминал каде што носители на организираниот криминал се високи државни функционери кои своите институционални позиции ги користат за стекнување со материјални средства.

Со овој Проект предлагаме Заокружен и ефикасен систем за борба против организираниот криминал и корупцијата во функција на создавање институционални предиспозиции за разбивање на спрегата меѓу криминалните бизнис-лоби групи и политичарите или носителите на високи државни функции, со цел да се максимализира ризикот за криминална злоупотреба на фуннкцијата.

Опасности од организираниот криминал...

Целиот проект за декриминализација (ДЕКРИ) погледнете го на овој линк.

partners partners partners partners partners partners