ДС ја поддржува иницијативата на Стопанската комора

10.09.2015

ДС ја поддржува иницијативата на Стопанската комора

Демократскиот сојуз ја поддржува иницијативата на Стопанската комора за измени во Законот за финансиска дисциплина, со која ќе бара да се изедначат условите и роковите за плаќање на обврските на сите правни субјекти.

Со растегливи рокови за плаќање на обврските спрема компаниите, државните институции, како и локалната самоуправа, имаат механизам на некои компании да им плаќаат во покуси рокови, а за некои да го чекаат крајниот рок.

Демократскиот сојуз ќе предложи измени на Законот за финансиска дисциплина, доколку тоа не го направи надлежното министерство.

partners partners partners partners partners partners