ДС ангажира експертска група за Закон за амнестија

21.09.2015

ДС ангажира експертска група за Закон за амнестија

Демократскиот сојуз ангажира експертска група која работи на подготовка на Законот за амнестија.

Со оглед на комплексноста на ова прашање, Законот ќе се подготвува и во соработка со Министерството за правда, Врховниот суд, Јавното обвинителство, невладиниот сектор, како и експерти, доколку за тоа има интерес.

Амнестијата е чин на простување, но и корекција на неправда, како и можност за ресоцијализација.

Демократскиот сојуз смета дека само со силни и издржани аргументи и поширок општествен и политички консензус можна е амнестијата.

Протестите како форма на изразување на револт се цивилизациско и демократско право, но ескалацијата на незадоволството може негативно да се одрази на процесот на подготовка и носењето на Законот.

partners partners partners partners partners partners