Трајанов оствари средба со граѓаните на Неготино

19.04.2015

Трајанов оствари средба со граѓаните на Неготино

Вчера вечер (18.04.2015), Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократски Сојуз, оствари средба со граѓаните на општина Неготино. На средбата присуствуваа голем број граѓани кои поставуваа прашања, но и даваа идеи и сугестии за разрешување на проблемите, од локален и поширок интерес.

Граѓаните покажаа посебен интерес, за актуелната политичка состојба во земјата, за потребата од промена на изборниот модел, (Македонија да биде една изборна единица), за проблемите сврзани со неисплатените придонеси, за заостанатите парични побарувања од фирмите кои вршат откуп на грозје, за потребата од зголемување на минимални плати и слично.

Граѓаните од Неготино изразија незадоволство поради тоа што нема родилен дом, како и неможноста да полагаат возачки испит на полигонот во Неготино, поради ненавремената реакција на Минтерството за транспорт и врски.

Околу аферата "Пуч" граѓаните бараа истата до крај да се расчисти.

Трајанов во својот настап нагласи, дека доколку Република Македонија биде една изборна единица, во голема мера ке се намалат можностите за кршење на изборните правила. Во врска со аферата "Пуч", Трајанов нагласи дека треба докрај да се расчиси преку дијалог, како и јавна и транспаретна истрага.

Барањето за отварање на родилен дом, како и за можностите граѓаните да полагаат возачки испит во Неготино ке бидат проследени до надлежните институции.

partners partners partners partners partners partners