Општинската организација на ДС – Кочани избра нов претседател

27.06.2015

Општинската организација на ДС – Кочани избра нов претседател

На  26.06.2015 година (петок), Демократскиот сојуз на Кочани, одржа Изборно собрание на кое, Атанас Стефанов дипломиран правник-адвокат, беше избран за претседател.

На седницата присуствуваше и Павле Трајанов, претседател на ДС, кој пред присутните зборуваше за актуелната политичка состојба, при што нагласи дека Македонија е во длабока политичка криза која ја загрозува стабилноста на државата, економскиот развој и евроинтеграциските процеси.

Трајанов меѓу другото повика на разумно однесување и водење сметка за државните интереси, од сите партии, посебно од лидерите на партиите што се вклучени во преговорите за излез од кризата.

„Тие што ја генерираа кризата мораат да понесат политичка одговорност“ посочи Трајанов пред присутните членови и симпатизери на ДС.

partners partners partners partners partners partners