Кавадарчани бараат поголема вклученост во процесот на носење закони

24.01.2015

Кавадарчани бараат поголема вклученост во процесот на носење закони

Денес пратеникот и претседател на ДС, Павле Трајанов, оствари средба со поголем број граѓани на Кавадарци, заинтересирани за прашања од секојдневниот живот, но и за актуелните политички состојби и теми од поширок интерес.  Граѓаните актуелизираа прашања поврзани со субвенциите во земјоделието, концесиите и легализацијата на земјоделско земјиште, динамиката на исплатата на грозјето од компаниите што го откупиле, можноста за легализација на дивоградби за граѓаните кои го пропуштиле рокот за аплицирање, можностите за стекнување на набавка на ловечко оружје, вработувањето во администрација и слично.

Од присутните беше побарано да се создадат можности и тие да даваатат свои мислења во процесот на носење на закони, а некои граѓани укажаа на проблемите кои настануваат поради честата промена на законите, посочувајки го примерот со фирми кои се овластени за давање одобрение за сечење дрва и сл.

Павле Трајанов во разговорите нагласи дека овие прашања ќе бидат предмет на анализа и ќе бидат проследени до надлежните институции на разгледување и разрешување.

Околу вработувањето Трајанов нагласи дека став на Демократскиот сојуз е во јавната и државна администација да се вработуваат најспособните кадри, што ќе се обезбеди со новите закони кои стапуваат на сила од 1 февруари 2015 година.

Пред присутните Трајанов зборуваше и за определбите на Демократски сојуз за владеење на правото, неселективна борба против организираниот криминал и корупцција, евроатланските интеграции, како и напорите што ги прави владата за привлекување на странски инвестиции и отварање на нови работни места, како што е случајот со фабриката “Дрекслер-Маер” во Кавадарци, каде што се вработени 4250 лица од Кавадарци, Велес и Неготино.

partners partners partners partners partners partners