Гевгеличани бараат компензација на штетите од поплавите

21.02.2015

Гевгеличани бараат компензација на штетите од поплавите

Денес Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократски Сојуз, оствари средба со граѓаните на Гевгелија. На средбата присуствуваа голем број граѓани кои поставуваа прашања и даваа идеи и сугестии за разрешување на проблемите со кои се соочуваат.

Граѓаните покажаа посебен интерес за компензација на штетите од полавите што го зафатија регионот, проблеми со исплатата на откупеното грозје, исплатата на К-15 и малверзациите поврзани со тоа (работодавците барале од вработените да го вратат исплатениот надомест), партиското влијание при вработувањто и сл. Беше посочен и проблемот со недоследности со концесијата на Дојранско Езеро, потоа за семенските материјали и слично.

Пратеникот Трајанов во својот настап нагласи, дека со законот за јавна и државната администрација, се дефинирани цврсти критериуми за вработување, а за штетите од полавите посочи дека владата на Република Македонија истите ке ги надомести.

Граѓаните се интересира и за аферата „Пуч“, со барање истата до крај да се расчисти. Во врска со аферата, Трајанов нагласи дека единствен излез од политичката криза е дијалогот и независна, транспаретна и јавна истрага.

partners partners partners partners partners partners