ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: НЕМА ПРАВДА ЗА ГРАЃАНИТЕ

31.10.2016

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: НЕМА ПРАВДА ЗА ГРАЃАНИТЕ


Голем број на граѓани не можат да ги остварат своите права пред Судовите поради силните партиски влијанија и клиентелизамот, но и поради високите такси за да започне и заврши постапка пред судот. 

Така за да започне постапка по тужба, зависно од вредноста на спорот, треба тужителот да плати такса од 480 до 48.000 денари, без другите трошоци за нотар, вештачење и адвокат.

Доколку се жали на пресуда или бара ревизија, износот што треба да го плати е двојно поголем (до 96.000 денари).

На пример, ако е спорот за стан, задолжително се плаќа такса од 48.000 денари, од едноставна причина што вредноста на помал стан изнесува околу 3.000.000 денари,доколку има потреба од заверка на документи на нотар, вештачење и трошоци за адвокат, како и за жалба на пресуда и ревизија, тогаш граѓанинот треба да плати над 380.000 денари или повеќе од 6500 евра, за да има конечна одлука.

Поради се ова, а со цел граѓаните да можат правдата да ја остваруваа пред судот, судската такса не треба да изнесува повеќе од 100 денари.

Судовите се финансираат од Буџетот на РМ и нема потреба граѓаните два пати да плаќаат: еднаш преку данокот и втор пат преку судска такса за да остварат некое право пред суд.

Инаку, Демократскиот сојуз, се залага (и тоа ќе го направи) и за коренити реформи во судскиот систем, преку редефинирање на Судскиот совет , реизбор на сите судии и елиминирање на партиско влијание при изборот на судии и работата на судовите.

Демократскиот сојуз ќе ги намали паричните казни за физички и правни лица за две третини. Високите парични казни се причина за ликвидирање на многу помали фирми или го блокираат нивниот развој.

partners partners partners partners partners partners