ДС ги повикува студентите да аплицираат на конкурсот за стипендии

11.12.2013

ДС ги повикува студентите да аплицираат на конкурсот за стипендии

Демократскиот сојуз ги повикува сите студенти да аплицираат на конкурсот кој го распиша Министерството за образование и наука, за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2013/2014 година. 

На конкурсот се доделуваат 1.500 стипендии за студенти од социјални категории и 1400 стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето или се запишани на специфичните студиски програми. 

Заинтересираните кандидати треба да се редовни студенти, да не повторувале година во текот на студирањето и да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании. 

Конкурсот можете да го погледнете на страницата на Министерство за образование и наука или на Факултети.мк.

partners partners partners partners partners partners