Среќна Нова 2014 година!

01.01.2014

Среќна Нова 2014 година!

Демократскиот сојуз, на сите граѓани им ја честита новата 2014 година и им посакува среќни Божиќни празници, со искрени желби за добро здравје, мир и благосостојба.

Во годината пред нас ќе бидеме соочени со нови предизвици, но сигурни сме дека граѓаните ќе се определат за подобра иднина, просперитет и остварување на нашите стратешки цели. Треба да продолжиме заедно, да се сплотиме и да се обединиме. Само така ќе бидеме посилни и ќе успееме да стигнеме до нашите цели.

Се надеваме дека новата година на сите ќе ни ја донесе потребната храброст и одлучност, да ги промовираме и негуваме вредностите кои не определуваат како нација, а посебно грижата едни за други, солидарноста, вербата и одговорноста.

Демократскиот сојуз и во 2014 година ќе се залага за владеење на правото, економски развој, за поправедно општество и достоинствен живот за секој граѓанин.

partners partners partners partners partners partners