Расте бројот на членови на ДС: Во Кисела Вода доделени 100 нови книшки

01.02.2014

Расте бројот на членови на ДС: Во Кисела Вода доделени 100 нови книшки

Денес (1.02.2014 година), Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, на 100 нови членови на ДС од Кисела Вода им ги подели членските книшки.

Обраќајќи се пред присутните членови и медиуми, Павле Трајанов нагласи: „Демократскиот сојуз е политичка партија која има мисија да обединува, да воспостави владеење на правото и јакнење на демократските институции и цврсто е определена Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО.“

Во врска со претстојните претседателски и (се поизвесни) парламентарни избори, Трајанов истакна дека ова ќе биде добар тест кој ќе го полагаме како политички партии пред граѓаните. Очекуваме фер изборна кампања, а ДС ќе води позитивна кампања афирмирајќи ја потребата од забрзан економски развој и отварање нови работни места во реалниот сектор.

Во врска со објавените “криминални“ афери, Демократскиот сојуз очекува надлежните институции да реагираат на соодветен начин, без разлика на кого се однесуваат истите. Криминалот разорно делува и тој мора да се сече во корен.

partners partners partners partners partners partners