Павле Трајанов за Нова Македонија: Европски посредник за името може да го забрза членството на Македонија во ЕУ

16.09.2013

Павле Трајанов за Нова Македонија: Европски посредник за името може да го забрза членството на Македонија во ЕУ

Демократскиот сојуз предлага Европската Унија да назначи посредник во спорот за разликите за името што темелно ќе ги проучи позициите на Скопје и на Атина и ќе работи на решавање на проблемот, ќе предлага идеи, а тоа ќе го прави и во соработка со посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц.

Досега посредник беше Нимиц, кој е назначен од ОН, и осумнаесет години нема напредок во разговорите, а нам како на држава ни е битно да имаме напредок во Европската Унија и да станеме членка на НАТО. Во оваа насока, бидејќи Грција е членка, ЕУ може да назначи посредник, кој темелно ќе се запознае со спорот, ќе ги анализира грчките позиции, ќе ги проучи нашите ставови и ќе има легитимитет да дава идеи и предлози како да се надмине спорот за Македонија да ги почне преговорите за зачленување во Европската Унија.

Ваквата потреба стана нужна и по посетата на Нимиц и прес-конференцијата, на која првпат отворено беа кажани позициите на Грција.

Бидејќи во овој момент не е можно крајно решение, проблемот треба да се решава во неколку фази. Прво, замена на референцата БЈРМ, потоа опсегот на меѓународна употреба и резолуција од Советот за безбедност на ОН во која ќе бидат вметнати договорите за неменливост на границите и гаранција за македонскиот национален идентитет.

Целиот текст прочитајте го тука

partners partners partners partners partners partners