Павле Трајанов се сретна со грчкиот амбасадор Харис Лалакос

17.10.2013

Павле Трајанов се сретна со грчкиот амбасадор Харис Лалакос

Денес, 17.10.2013, Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, оствари средба со господинот Харис  Лалакос, амбасадор на Република Грција во Република Македонија.

На средбата се разговараше за потребата од продлабочување на соработката во сите области, особено на економски план, туризмот, културата и друго. 

Трајанов истакна дека Република Македонија во изминатите 20 години спроведе значајни реформи и ги исполни сите критериуми за полноправна членка во НАТО, како и за започнување на пристапните преговори за влез во ЕУ. 

Трајанов нагласи дека деблокадата на евроинтегративните процеси се битни за развојот на двете држави како и стабилноста и безбедноста на Балканот во целина. 

Демократскиот сојуз очекува Република Грција да биде наш силен подржувач во евроинтегративните процеси. 

Средбата беше остварена на инцијатива на амбасадорот на Република Грција.

partners partners partners partners partners partners