ДС: Позитивна оценка на граѓаните

11.11.2015

ДС: Позитивна оценка на граѓаните

Прес - конференција на Генералниот секретар на ДС, Верица Филиповска:

Демократскиот сојуз смета дека препораката (условена)  на Европската комисија за отворање на пристапни преговори со Република Македонија е признание и респект за посветеноста на граѓаните на евро-интеграциските процеси, како и долгогодишниот граѓански и политички консензус за имплементација на стандардите и полноправно членство во Европската Унија.

Извештајот на Европската комисија е реален приказ на состојбите во Република Македонија, во кој се детектираат генераторите на кризата, клучните елементи на кризата како и правци за надминување на истата.

Европската комисија ги потврдува веќе познатите оценки и состојби, како што се кршењето на основните човекови права преку злоупотреба на системите за прислушување, криминализација на државата, партизација на судскиот систем, суспензија на владеење на правото, како и досега невидената манипулативна медиумска кампања.

За Демократскиот сојуз е посебно битно што се бара одговорност (практично по име и презиме се посочуваат носителите на кризата), но се даваат и конкретни насоки како да се излезе од длабоката политичка криза, која ја наруши внатрешната кохензија и стабилност и ги загрози евро-интеграциските перспективи на земјата.

ДС целосно ќе се посвети на вистински реформи, кои значат пред се системски промени, создавање услови за враќање на мирот и вербата на граѓаните во државата и целосна медиумска слобода.

partners partners partners partners partners partners