Трајанов: Тој што се збогатил на штета на граѓаните, тоа мора да му се одземе

10.04.2014

Трајанов: Тој што се збогатил на штета на граѓаните, тоа мора да му се одземе

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, на вчерашниот (09.04.2014) митингот во Струмица порача: 

„Поставени се цврсти темели за севкупен, но пред се економски развој. Затоа можеме да најавиме нови над 2000 проекти и над 60.000 нови работни места. Капиталот ќе дојде, ќе се инвестира ако имаме стабилност, ако имаме правна сигурност, ако создаваме еднакви шанси и можности за сите. 

Зголемена е одговорноста и се води силна борба против криминалот. Тој што се збогатил на штета на граѓаните, тоа мора да му се одземе. Никој нема да биде ниту аболициран, ниту амнестиран, ниту помилуван. 

Спроведени се многу реформи, донесени се многу европски закони, изградени се многу институции. Тоа се основите кои гарантираат развој, просперитет. Со проектите, со новата програма се заокружува еден концепт за развој на Македонија, на Струмица и на другите градови, преку: добра патна мрежа, дисперзиран систем на образование (факултети), развој на регионален здравствен систем, развој на земјоделието (над 600 милиони евра субвенции), поволности за почнување на нов бизнис. Сето тоа е силна гаранција за економски развој, за нови работни места, за зголемување на наталитетот.

Наши врвни приоритети и натаму се ЕУ и НАТО, затоа упатив писмо до Генералниот Секретар на НАТО, Расмусен, со барање на Самитот на НАТО во Кардиф, Македонија да стане полноправна членка, но со нашето уставно име Република Македонија. Тоа е само повик до граѓаните и тие преку социјалните мрежи, преку интернет масовно да го направат истото.“

partners partners partners partners partners partners