Законот за ревизија на политички монтирани процеси влегува во собраниска процедура

09.01.2020

Законот за ревизија на политички монтирани процеси влегува во собраниска процедура

Најмалку 30 политички монтирани случаи може да бидат обновени доколку се усвои Законот за преиспитување на факти и докази користени во судската постапка. Се работи за перидот од 2007 до 2017 година. Предлогот е поднесен од Демократскиот сојуз и ДОМ а има подршка од владејачкото мнозинство. Се очекува да се усвои во февруари и ќе биде филтер за селекција на судии, обвинители, поранешни вработени во УБК, Бирото за јавна безбедност и МВР. Во повторените постапки ќе се утврдува нивната одговорност и вмешаност во политичко монтираните процеси.    Целта е да да се разбие синџирот на политизирани судски случаи. Ова не значи амнестија или помилување, туку им се дава шанса на неправедно осудените да ја докажат својата невиност.

Преку овој закон ќе може да се види дали нашиот судски систем е кредибилен или се неопходни реформи од корен. Не може судијата да има траен мандат, никогаш да не се проверува неговата работа, да не се утврди дали работи по инструкции на политичари, бизнисмени и други центри на моќ, вели Трајанов. За да се прифати барањето за повторување на постапката потребно е да се исполнат неколку услови.

Законот се предлага во редовна постапка и е оставена можност за амандмански инетрвенции во втората фаза.

Јулијана Пешевска

 

Извор: Телма

partners partners partners partners partners partners