Владино одбележување на 149 години од раѓањето на Гоце Делчев

04.02.2021

Владино одбележување на 149 години од раѓањето на Гоце Делчев

Заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски во име на Владата на Република Северна Македонија денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас, по повод 149 години од неговото раѓање.

Владата на Република Северна Македонија со овој чин им се придружи на настаните со кои му се оддава почит кон делото на големиот револуционер Гоце Делчев,  за неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност.

Преземено:Влада на Република Северна Македонија

partners partners partners partners partners partners