(ВИДЕО) Павле Трајанов за Канал 77: Ние сме против дилот на Заев и Мицкоски за амнестија на криминалот за дивоградбите

15.05.2021

(ВИДЕО) Павле Трајанов за Канал 77: Ние сме против дилот на Заев и Мицкоски за амнестија на криминалот за дивоградбите

Според Павле Трајанов, лидерот на Демократскиот сојуз законот за легализирање на дивоградбите очигледно е договор мегу двете најголеми партии произлезен од тет а тет средбата Заев – Мицкиоски, за што најдобар доказ е вметнатиот амандман за членот 41 за амнестија на кривичните дела поврзани со дивоградбите.Тој очекува законот да се доработи низ една широка стручна и јавна расправа и после да се гласа во парламентот.

Ако СДСМ и ВМРО ДПМНЕ пак го стават на гласање истиот закон што не го потпиша претседателот Стево Пендаровски, петте пратеници од помалите партии ќе го блокираат со амандмани.

– Ние не сме против одредена категорија на дивоградби и граѓани да добијат шанса за легализација, но нема да дозволиме легализирање на хациенди и базени во заштитени подрачја.

Нема да дозволиме амнестија на криминалите на претходните власти и продолжување на институционалниот криминал кој периодично завршува со нова амнестија во парлементот и никој за ништо да не одговара за упад во правниот систен, дерогирање на законот за кривична постапка и наградување на богатите и урбаната мафија.

Ние како коалициони партнери во власта не сме информирани од Заев што договорил со Мицкоски, но таквите дилови на водачи на племенски заедници мене како пратеник не ме интересираат.

Трајанов се извини на граѓаните ако можеби сфатиле погрешно дека барал да биде вакциниран со Фајзер, но рече дека станува збор за непринципиелност и манипулација од министерот за здравство.

– Откако беше објавено дека ќе бидеме вакцинирани со Фајзер, министерот се исплаши од јавноста и авторитарно ја смени одлуката и не вакцинираше со Спутник. Подобро ќе беше да се фокусира на набавката на вакцини кои доцнеа 5 месеци, иако разузнавачки информации уште лани во август предупредуваа да се започне веднаш со авансирање кај производителите.

Којзнае можеби законот за дивоградбите е услов ВМРО ДПМНЕ да гласа за изградбата на Клиничкиот центар, можеби тоа го договориле лидерите на големите партии.

Трајанов негира дека се договарал со Мицкоски за нова коалиција и рушење на Заев и дека му се нудени минстерствата за транспорт и за екологија. и дека тоа било само психолошка војна на Мицкоски во јавноста.

Лидерот на ДС е против легализацијата ма марихуаната и против законот за продажба на земјоделско земјиште и најави два проекти во парламентот – закон за преиспитување на фактите и доказите за монтирани судски процеси и постапки кај што имало лажни сведоци, незаконско прислушување и лажни докази и закон за формирање на Македонска агенција за борба против корупција и организиран криминал

– Тоа ќе биде независно тело пандан на американското Федерално истражно биро FBI, кое ќе се замимава со корупција и криминал над 500 000 евра. Агенцијата ќе биде составена од четириесетина професионалци со највисоки овластувања и ќе ги кородинираат сите инситуции, кои за жал сега се целосно несоработливи и ривалитетски настроени во бробата за сузбивање на криминалот и високата корупција. За ова имаме начелна согласност од обвинителството и од заменик премиерот за борба против копрупцијата.

Извор:ММС.МК

partners partners partners partners partners partners