Трајанов за ТВ 24: Со законот не бараме амнестија, помилување, аболиција, бараме шанса за фер судење

25.05.2021

Трајанов за ТВ 24: Со законот не бараме амнестија, помилување, аболиција, бараме шанса за фер судење

Павле Трајанов во емисијата 24 Отворено истакна дека тој како подносител на Предлог-законот за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, најпрвин ги подготвил основните начела за повторување на постапката, па одело на процес на усогласување на експерти, министерство за правда, професори од Правен факултет.

„Идејата е сите оние кои се осудени на неревантни фактори и докази или со кршење на законите да им се даде шанса за фер судење. Со законот не бараме амнестија, помилување, аболиција, бараме шанса за фер судење и законот е така конципиран да е во согласност со законот за кривична постапа., нема судир со тој закон. Единствено што бараме е да се одржи главна расправа.

Трајанов рече дека ако е прекршено основото начело презумција на невиност или ако се злоупотребени системите за преслушување и тој разговор што е дел од доказите е извлечен од контекст, со користење на заштитени сведоци или лажни сведоци кој претходно е подготвуван за сведочење, ако е злоупотребен Акмис системот, сето ова е основа за овој закон што го предлага тој.

 

partners partners partners partners partners partners