Трајанов за „Локално“: ДС е дел од парлламентарното мнозинство и таа позиција останува

22.02.2021

Трајанов за „Локално“: ДС е дел од парлламентарното мнозинство и таа позиција останува

Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов во изјава за „Локално“ вели дека настапот како независен пратеник е различно од напуштање на парламентарно мнозинство и дел од коалицијата „Можеме“.

-Како пратеник и претседател на Демократскиот сојуз во парламентот настапувам самостојно и со автентични ставови по многу прашања. Настапот како независен пратеник е различно од напуштање на парламентарно мнозинство и дел од коалицијата „Можеме“. Деловникот дава можност пратениците да дејствуваат во пратенички групи или како независни пратеници. ДС е дел од парламентарното мнозинство и таа позиција останува.

За најавите за предвремени парламентарни избори тој вели дека останува на истите ставови кои се однеуваат на тоа дека на власта и е потребен целосниот мандат за да може да ја имплементира програмата.

-Засега се извесни само локалните избори за кои се подготвуваме, меѓу другото и со јавен повик за кандидирање на градоначалници и советници, кои не мора да бидат членови на ДС. Многу далеку сме од парламентарни избори.

За можна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека заеднички настап со други партии пред се зависи од програмските определби, изборниот модел и сл,.

– Се друго е класична шпекулација и игра на нерви (психолошка војна). Демократскиот сојуз не е дел од  тие „процеси“.

Извор:Локално мк.

partners partners partners partners partners partners