Трајанов во „Само Вистина“: Да не беа медиумите и опозицијата, ќе се премолчеше случката во М-НАВ

16.01.2024

Трајанов во „Само Вистина“: Да не беа медиумите и опозицијата, ќе се премолчеше случката во М-НАВ

Во најновото издание на емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 ТВ дебатираа Павле Трајанов и Стевчо Јакимовски.

Пратеникот и претседател на Демократски сојуз, Павле Трајанов, во врска со последните случувања во контролната кула и нарушувањето на воздушниот сообраќај, смета дека на тој што ќе биде вклучен во тешки облици на криминал треба да му биде конфискуван имотот и да добие десетгодишна забрана за политичко дејствување:

„Треба да има целосно независна институција, кадрите да се земат од други институции, средства да се пренаменат од средства од други институции но да има транспарентна судска постапка. Тој што ќе биде вклучен во тешки облици на криминал треба да му биде конфискуван имотот и да добие десетгодишна забрана за политичко дејствување и тоа да го одлучуваат нашите судови, но не вака директно, туку низ законска процедура. Не може да оди со европско знаме. Колку време помина откако беше ставен на црната листа градоначалникот на Струга, зошто не се покрена постапка, или едноставно е амнестиран? ДУИ постојано притиска и за М-НАВ, правдањето на случувањата во контролната кула и нарушувањето на воздушниот сообраќај ја покажува ароганцијата на ДУИ. СДСМ не кажа ни збор, катастрофа. Што требаше да се случи, да паднеше авион, тогаш ли ќе се реагираше. Има кривично дело нарушување на воздушниот сообраќај, па да не беа медиумите и опозицијата и ова ќе се премолчеше“, рече Павле Трајанов во текот на гостувањето во емисијата „Само Вистина“на Канал 5.

Погледнете ја целосно емисијата „Само Вистина“.

Извор

partners partners partners partners partners partners