Трајанов: Борбата во 2001 била за реализација на голема Албанија

8.11.2023

Трајанов: Борбата во 2001 била за реализација на голема Албанија

 

Во „Само Вистина“ дебатираа Александар Пандов и Павле Трајанов.

Пандов: Адем Јашари ли е од 1944? Трајанов: Борбата во 2001 била за реализација на голема Албанија

Трајанов: Проблем е што никогаш до крај не ги отворивме процесите врзани за воениот конфликт во 2001 година и ако ги изанализирате првите соопштенија тие беа со територијални претсензии во Косово и да се формира независна држава. Сакаа истото да се случи и во Македонија, но беа спречени. Тогаш идејата беше историски договор за албанското прашање, за формирање голема албанија, тоа не доби поддршка. Одговорноста паѓа и на нашите безбендосни служби што предизвикаа капитулација на нашите сили, потпишаа и договор во Охрид кој не' дели по етничка основа.

Пандов: Музејот е на УЧК, Адем Јашари ли е од 1944? Ахмети ли се борел во 44-та година? После сите бенефити што ги уживаат, од Соравија, Лотарија и што се не е нивно, жално е што на таков начин сакаат да земат гласови на тој начин и ден денеска тоа им е темата. Позадината на тоа се сите скандали, за да се прикријат тие работи се употребува етничката реторика. Каде е фабриката во Тетово за електрични возила, немаат ништо направено. Имаат договор во четири очи, ниту за Алнабци туку за него и дваесетина околу него да живеат удобно.

 

 Извор

partners partners partners partners partners partners