Павле Трајанов за Фактор: Вонредните мерки мора да се под контрола на јавноста, да се почитуваат и да траат кратко
22.03.2020

Павле Трајанов за Фактор: Вонредните мерки мора да се под контрола на јавноста, да се почитуваат и да траат кратко

Мерките што ќе ги презема Владата за време на вонредната состојба и полицискиот час, треба да бидат транспарентни и под мониторинг на јавноста, вели за Фактор Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи. Тие ќе го нарушат бизнисот, социјалниот живот и ќе предизвикаат фрустрации, но клучно е да се почитуваат и да траат кратко.

Точно е, дека коронавирусот е невидлив непријател кој убива и создава хаос во целиот свет. Освен последиците по здравјето и животот на луѓгето, целосно го менува и социјалниот живот, а стравот и паниката имаат катаклизмични последици и по економијата.

„Се покажа дека светот не е подготвен за борба против вирусот. Светската здравствена организација е немоќна и без ресурси да го стави под контрола и да спречи вирусот да се шири, или пак, да даде насоки за лекување на заразените. Главна препорака е карантинот, кој дава резултати, како и изолацијата и самоизолацијата. Засега карантинот имаше позитивни ефекти во Кина, но не и во другите држави, како на пример во Италија, Шпанија, Франција..“.

Тој додава дека карантинот се спроведува во сите балкански држави, првенствено преку воведување вонредна или кризна состојба, полициски час заради забрана на собирање на повеќе лица на едно место, како и преку препораки за седење дома, носење заштитни средства и слично.

„Македонија се најде во исклучително сложена правна и политичка состојба, односно самораспуштен парламент и изборен процес. Неопходни беа мерки за спречување на заразата, при што кај нас беше разработена кризна состојба, но не и вонредна состојба, што отвори дилеми што да се направи за мерките да бидат ефикасни“, објаснува поранешниот министер за внатрешни работи.

Вонредна состојба поради епидемијата, нагласува Трајанов, може да прогласи Парламентот, или ако тој не може да се состане, тогаш одлука за вонредна состојба донесува Претседателот на државата.

„За неможноста Парламентот да се свика кај нас постоеја и правни и политички дилеми и пречки. Правни, бидејќи е самираспуштен, но тој е во заседание и мандатот на пратениците трае до изборот на нов состав. Според мое познавање на уставното уредување и политичките системи, Парламентот мораше да се свика. По се изгледа кај лидерите на партиите преовлада политичкиот момент, со оглед на тоа што деведесет проценти од актуелните пратеници не се на кандидатските листи за пратеници и истите многу тешко ќе ги спроведуваа насоките на лидерите“, нагласува Трајанов.

Вели дека вонредната состојба прогласена од претседателот Стево Пендаровски и овозможи на Владата да презема ефикасни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и за државна поддршка на компаниите. Според него, се покажа дека вонредната состојба сама по себе не е ефикасен инструмет, туку се неопходни построги мерки за спречување на ширењето на епидемијата. Се проценува дека кризната состојба во Дебар и Центар Жупа ги дава очекуваните резултати, спречува ширење на вирусот надвор од тие подрачја, но препораките за седење дома на ниво на држава не се почитуваа, поради што Владата воведе полициски час од 21.00 до 06.00 часот.

„Вонредната и кризната состојба, како и полицискиот час, значат ограничување на правата на граѓаните, посебно слободата на движење, но ефектите можат да значат намалување на ширењето на заразата и подготовка на здравствениот систем да го пречека пикот на заразата поподговен. За да се спроведат мерките и да бидат ефикасни потеебна е добра организација, знаење и умешно менаџирање“, објаснува Трајанов.

Поранешниот министер за внатрешни работи е дециден дека мерките треба да бидат транспаренти и под „контрола“ на јавноста.

Според него, се разбира дека тие сами по себе нема да ја спречат епидемијата доколку не се најде терапија за лекување и вакцина како најефикасно средство за борба проти вирусот.

„Вонредните мерки го нарушуваат бизнисот, социјалниот живот, предизвикуват и голем број на други проблеми, како што се депресија, фрустрации, немир во семејството и слично, но клучно е тие да се почитуват и да траат кратко“.

Презеен: Фактор.мк

partners partners partners partners partners partners