Павле Трајанов за „Аргумент Плус“: Криминалот полека, но сигурно ни ја јаде државата

30.1.2024

Павле Трајанов за „Аргумент Плус“: Криминалот полека, но сигурно ни ја јаде државата

Пратеникот и претседател на Демократски сојуз, Павле Трајанов, гостуваше во емисијата „Аргумент Плус“ на Телевизија 24 и разговараше со новинарката Биљана Секуловска за изборот на техничката Влада.

Трајанов смета дека е добро што министерот за внатрешни работи во техничката Влада доаѓа од опозицијата. Според него, тоа е своевидна гаранција дека МВР со своите ресурси ќе биде во функција да спречи кршење на изборните правила.

Запрашан за борбата со корупцијата во нашата земја, Трајанов потенцираше дека една од главните определби на Демократскиот сојуз е да се подготви Закон за борба против високата корупција и тешките форми за криминал, но истиот бил одбиен од владата на СДСМ и ДУИ.

„Криминалот полека, но сигурно ни ја јаде државата. Тоа е проблемот“, смета Трајанов.

Погледнете го неговото гостување во „Аргумент Плус“:

Извор

partners partners partners partners partners partners