Павле Трајанов: Најостра осуда на обидот за атентат над Трамп

14.7.2024

Павле Трајанов: Најостра осуда на обидот за атентат над Трамп

 

Павле Трајанов, претседател на Демократски сoјуз, најостро го осудува обидот за атентат над Доналд Трамп, поранешен претседател на САД.

Само мало движење го спаси Трамп да биде погоден во глава. 

Овој обид за атентат во САД само потврдува дека и најразвиените служби и системи за безбедност не можат да спречат некој поединец/лудак да се обиде да направи атентат со тешки последици и рефлексии во САД, но и пошироко во светот.

Сигурно дека ќе следи широка и ефикасна истрага, но и предупредување до сите држави, дека заштитата од атентати е најсложена и најкомплексна  безбедносна и политичка компонента.

partners partners partners partners partners partners