Павле Трајанов: ФЕР СУДЕЊЕ ЗА СУДЕНИТЕ ВО МОНТИРАНИТЕ ПРОЦЕСИ

19.05.2021

Павле Трајанов: ФЕР СУДЕЊЕ ЗА СУДЕНИТЕ ВО МОНТИРАНИТЕ ПРОЦЕСИ

Денес, (19.05.2021 година), во Собранието на Македонија, се одржа јавна расправа по Предлог законот за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, на која покрај пратеници учествуваа и експерти по право, универзитетски професори, како и претставници од Комитетот за правда, во кој членуваат над 300 лица, кои сметаат дека неправедно се судени.

Павле Трајанов, како предлагач на законот, во воведното излагање нагласи:
Се протестираше под слоганот "НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР", Европската унија во бројните свои анализи, влучително и во извештајот на Прибе, оценува дека немаме некредибилен судски систем, дека се спроведува селективна правда, дека треба многу судски процеси да се преиспитаат итн.

Партиите во своите програмски определби дефенираа дека ќе се овозможи фер судење за сите осудени во монтирани судски процеси.

Веќе поминаа четири години откако започна процесот на создавање законски основи за да има можност да се преиспитаат фактите и доказите врз основа на кои се засновани судски одлуки.

Законот е во собраниска постапка и доби поддршка од матичната комисија (Комисија за политички систем и односи помеѓу заедниците), како и од Законодавно правната комисија.

На денешната јавна расправа се расправаше за да се разјаснат сите отворени прашања и правни дилеми.

Со овој закон не се прави упад на правниот систем, ниту пак е во колизија со Законот за кривична постапка, сo чии oдредби повторувањетo на постапката со нови докази е "невозможна мисија".

Со законот нe се бара или предвидува помилување, амнестија или аболиција, туку ФЕР СУДЕЊЕ, при што постапката почнува преку одржување на Главна расправа, на која ќе можат да се преиспитаат фактите и доказите врз основа на кои почива суската одлука, но и да можат да се презентираат и нови докази и факти.

Повторување на постапката е можна само доколку се исполнети некои од условите, меѓу кои се и:
- повреда на начелото на презумпција на невиност
- злоупотреба на системите за прислушкување
- користење на лажен/заштитен сведок
- злоупотреба на системот за автоматска распределба на предметите (АКМИС)
- повреда на правото на одбрана или еднаквост на правото на "оружје".

Правосилната суска одлука треба да се заснова на некои од овие "докази".

Транспаренси Интернршнл, анализирала 12 судски предмети, при што експертите заклучиле дека судските одлуки се засноваат на нерелевантни факти и докази и со кршење на законите.

Како специфичен пример е убиството во с. Орешe, каде врз основа на сведочење на лажен сведок, се донесени осудителни пресуди, суден е новинар за обелоденување на идентитетот на лажниот сведок, потоа ocудени се и истражен судија, јавен обвинител и поранешен судија на Врховен суд. Случајот е расчистен, но последиците и натаму траат.

Инаку номо-техничко ќе се подобри законот, ќе има и допрецизирање на некои решенија во законот, се со цел истиот да биде поразбирлив и применлив.

Во расправата се вклучија и голем број на експерти, професори и членови на Комитетот за заштита на правата.

Очекувам поддршка од сите пратеници, инаку разбирливи се отпорите од сите оние кои биле инволвирани во овие монтирани судски процеси, но тој отпор мора да се скрши и да се обезбеди корекција на неправдата и рехабилитација на жртвите.

partners partners partners partners partners partners