Павле Трајанов: Честитки за автокефалноста на МПЦ-ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

24.05.2022

Павле Трајанов: Честитки за автокефалноста на МПЦ-ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

 

 

Денес се  случи историски пресврт, тоа што не беше можно со децении, се случи: Српската православна црква ја обнароди одлуката за признавање, одобрување и потврдување на Автокефалност на Македонската православна црква. 

Ова е чин со историски димензии и патоказ за тоа како се гради заедништво, респектирање на посебностите и разликите.

Македонската православна црква е вековниот чувар на Македонскиот национален идентитет, на сплотеноста и единството, како и силен поддржувач и градител на Македонија.

Честитки до поглаварот г.г.Стефан, светиот синот и сите верници.

Во овие тешки времиња за Европа и Балканот, автокефалноста на МПЦ нека биде поттик и за мирно разрешување на сите отворени прашања помеѓу балкансите народи.

partners partners partners partners partners partners