ИНТЕРВЈУ со Трајанов: Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое мораме да се справиме

21.11.2020

ИНТЕРВЈУ со Трајанов: Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое мораме да се справиме

Ветото на Бугарија со кое се спречи и усвојувањето на преговарачката рамка е брутален и неразумен чин наспроти определбата на другите 27 членки на ЕУ. Неспорно е дека блокадата на Македонија ќе се одрази и на вкупните состојби на Балканот, неговата стабилност и потребата од отвореност на границите. Перспективите на Балканските држави за влез во ЕУ, ќе бидат долготрјани и неизвесни, доколку преку овој европски пат има обиди да се уцени и сл. По се изгледа дека Балканот и натаму живее со историски комплекси и не е зрел за демократски исчекор, вели во интервјуто за „Стандард“, пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз – Павле Трајанов.

На прашањето каде погреши здравствениот систем и дали треба да се обвинува само Филипче за зголемениот број на заболени и починати од Ковид-19, тој вели дека немаме закон за воена и вонредна состојба и дека имаме нефункционален систем за дејствување во услови на кризи, како и „лошо поставен и партизиран здравствен систем“.

-Врвни експерти – доктори заминаа во странство итн. Ефектите се тие, без разлика дали е министер еден или друг. Доколку има кандидат за министер за здравство со план за ефикасна борба против коронавирусот, нека се промовира во јавноста и верувам дека ќе добие поддршка. Критиката е здрава, но треба сите потенцијали да се вклучат без импровизации и печалење политички поени на кризата која е проследена со големи и тешки последици по здравјето на граѓаните, смета лидерот на ДС.

За борбата против организираниот криминал и улогата на МВР во однос на ветените реформи од оваа Влада, Трајанов смета дека „најтешко е да се раководи со партизирани безбедносни служби“.

– Системот за безбедност е реформиран, но не и начинот и методологијата на работа, држењето до високи професионални стандарди. Партиите се борат за поголемо влијание и употреба на безбедносните служби за партиски и лични интереси. Моето искуство кажува дека многу тешко се одлучува да се анализира работата на актуелни носители на власт. Борбата против криминалот мора да биде неселективна. Криминалот стана вредносна категорија а не зло со кое мораме да се справиме, посочува Трајанов.

Пред неколку дена поднесовте предлог Закон за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка. За каква законска регулатива поточно станува збор и какви можност нуди?

– Фер судење и корекција на неправдата, тоа се основните мотиви за поднесување на предлог-Законот за преиспитување на факти докази користени во судска постапка. Парламентот мора да се одважи и да овозможи повторување на постапката доколку судската одлука се темели на повреда на начелото на пресупмција на невиност, злоупотреба на системите за прислушкување, користен заштитен (лажен) сведок или злоупотребување на системот за распределба на предметите (АКМИС).

Не се бара амнестија или помилување, туку создавање на законски основи за сите монтирани политички -полициски случаи да се преиспитаат фактите и доказите врз основа на кои се заснова судска одлука и да се даде можност да се презентираат нови докази. Преку овие процеси ќе се види и улогата на државно – политичките моќници, полицијата, посебно на службите за безбедност, обвинителството и судовите.

Судскиот систем е некредибилен и затоа се неопходни реформи и преиспитување на работата на секој судија. Со овој закон се отвараат шанси да се поместат работите и да важат законите подеднакво за сите.

Знам дека има отпори, но очекувам поддршка од невладиниот сектор, медиумите, како и од пратениците без разлика на која партија припаѓаат.

Бугарија наметна вето на формалниот старт на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ. Како ова ќе се одрази на понатамошните односи на двете земји и дали ова е удар врз аспирациите на цел Западен Балкан за членство во Унијата?

– Последниот месец направена е огромна и непоправлива штета на односите помеѓу Македонија и Бугарија. Со негирањето на автентичноста на македонскиот народ и јазик, речникот кој го користи бугарскиот државен врв блокадата на евроинтеграциските перспективи на Македонија, дефинитивно имаме заострени односи помеѓу двете држави и огромно разочарување кај Македонците.

Дали деблокадата и почнување на пристапните преговори со ЕУ ќе успеат да ги залечат раните и полека да се вратиме на тие односи кои 30 години со трпение, меѓусебно разбирање ги градевме. Неспорно е дека ветото на Бугарија со кое се спречи и усвојувањето на преговарачката рамка е брутален и неразумен чин наспроти определбата на другите 27 членки на ЕУ.

Неспорно е дека блокадата на Македонија ќе се одрази и на вкупните состојби на Балканот, неговата стабилност и потребата од отвореност на границите. Перспективите на Балканските држави за влез во ЕУ, ќе бидат долготрјани и неизвесни, доколку преку овој европски пат има обиди да се разрешуваат и историски прашања, условувања, уцени и сл. По се изгледа дека Балканот и натаму живее со историски комплекси и не е зрел за демократски исчекор.

Дали дадовме повеќе отколку што добивме во однос на евро-атлантските интеграции (Преспанскиот Договор и Договорот за Добрососедство)? Од опозицијата веќе започнаа повици за оставки на владата и создавање на таква за „национален спас“. Оправдани ли се овие барања од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ?

-Во изминатите четири годиини се донесоа многу тешки и болни одлуки, за кои требаше политичка храброст, но и преземање на одговорност за ефектите од истите. Преспанскиот Договор ги деблокира евроатлантските аспирации на Македонија, станавме членки на НАТО и сме пред започнување на преговорите за полноправно членство во ЕУ.

Никој не очекуваше дека Договорот за добрососедски односи со Бугарија ќе биде различно токлуван и користен за негација на македонскиот идентитет и за блокада на Македонија. Мораме да издржиме и да останеме на европскиот пат.

Реформи, правда, економски развој и робусна борба против криминалот, се гаранција за имплементација на европските вредности.

Корона-кризата се чини го фрли здравствениот систем на колена, откако бројките стануваат полоши со секој изминат ден. Дел од експертите констатираат дека со ова темпо на новозаразени, вакцина нема ни да ни треба и дека ќе постигнеме колективен имунитет. Каде погреши системот и дали треба да се обвинуваат само министерот Филипче, како што секојдневно слушаме од опозицијата?

-Многу поразвиени држави, со развиени здравствени системи, со огромни економски ресурси, ја губат борбата со овој невидлив и опасен непријател. Немаме закон за воена и вонредна состојба, имаме нефункционален систем за дејствување во услови на кризи, како и лошо поставен и партизиран здравствен систем. Врвни експерти – доктори заминаа во странство итн. Ефектите се тие без разлика дали е министер еден или друг. Доколку има кандидат за министер за здравство со план за ефикасна борба против коронавирусот, нека се промовира во јавноста и верувам дека ќе добие поддршка.

Критиката е здрава, но треба сите потенцијали да се вклучат без импровизации и печалење политички поени на кризата која е проследена со големи и тешки последици по здравјето на граѓаните. Сигурно дека ни недостасува подобра организираност, повеќе памет и работа. Во март месец предложив да се подготви План за дејствување во услови на пандемија на кој да работат три експертски групи: како да дејствуваме во здравството, безбедноста и економијата. Дополнително побарав да се донесе законско решение со кое сите институции, јавни претпријатија и компании, да имаат обврска да донесат планови за спречување на ширење на вирусот и заштита на здравјето на граѓаните. Инаку вклучувањето на нашите клиники и болници како и медицинскиот персонал во прифаќање на пациентите и нивен третман се плашам да не предизвика хаос со тешки последици (лечењето од ковид е сложен процес…)

Стекнување на колективен имунитет е авантура која може да се плати со илјадници жртви. Превенцијата и вакцината се одговор на пандемијата. Секој мора да води сметка за сопственото и здравјето на другите.

Економијата „дише на шкрги“ поради актуелната ситуација, луѓе ги губат работните места, бизниси затвораат. Владата нуди помош за справување со со последиците со своите пакет мерки, но дали успеаја во својата мисија да го намалат ударот од пандемијата, која го чуствува цела држава?

-Здавствената криза има негативно влијание врз економијата и некои стопански гранки тешко се погодени. Голем број на граѓани се без средства за егзистенција. Државната интервенција со финансиска поддршка на компаниите и најранливите категории на граѓани, краткотрајно ги аморизираат негативните ефекти, но долгорочно ќе се ицрпат ресурсите и ќе колабира економијата. Мора да се работи и во вакви услови, со преземање и почитување на највисоки стандарди за заштита на здравјето при работа.

Како што се работите во фабриките, во пекарите, на градежните објекти, треба да се работи секаде. Потребна е реорганизација и прилагодување на работниот процес во вакви сложени услови.

Бектеши го претстави граѓанскиот буџет за 2021 година-повеќе средства за енергетска ефикасност, поддршка на претприемништвото и индустријата, домашниот туризам и инвестиции во гасификација, вели тој. Скроен ли е буџетот за потребите на граѓаните и колку можеме да зборуваме за граѓански буџет кога тој е оптоварен со стотина илјади административци, од кои доста не се ни појавуваат на работа? Како конечно да се среди ова „партиско тело“ и да се искористат, поголемиот дел од тие средства, за подобрување на животот на граѓаните?

-Партизацијата ја јаде државата. Имаме гломазна, нефикасна, нестручна и исклучително слабо платена администрација. Има простор за четири години да се намали истата за најмалку 30%. Но, само со тоа нема да се решат проблемите, неопходни се системски промени, борба против криминалот, правда и слободна економија.

Флоскулата за тоа дека имаме развиен и граѓански буџет подолго време е присутна, но немаме тимови кои ќе подготвуваат проекти за капиталните инвестиции, користење на фондовите на ЕУ и сл. Ни требат најмалку 300 фирми кои ќе се специјализират за подготовка и поддршка при реализација на проектите.

Многу долго траат јалови расправии за буџетот, без можност да промени нешто Парламентот.

„Со загадувањето се прави своевиден геноцид врз граѓаните и се загрозува националната безбедност. Затоа ова прашање мора да биде од највисок приоритет“, изјавивте пред скоро една година, но денеска ситуацијата со загадувањето не е значително променета, иако гледаме одредени напори на властите. Како, според вас, да се стави крај на овој проблем кој убива стотици граѓани секоја година?

-Гасификацијата, подигањето на свеста на граѓаните и отварањето на војна против мафијата која го загадува воздухот е гаранција за менување на состојбите. Овој процес е долгорочен, лажна вест е дека за година или две ќе средиме се. Улогата на невладиниот сектор е непроценлива.

Длабоки реформи во безбедносниот и судскиот систем се најавени, но тие и денеска се чини се силно изложени на партиски влијанија и злоупотреби. Дел од јавноста коментира дека актуелното МВР не се занимава со криминалот на претходната власт, но и дека „замижува“ на случаи поврзани со актуелните раководни структури. Заложби за борба против организираниот криминал и создавање правна држава слушаме веќе 30 години, но колкав пат измина МВР во однос на ветените реформи со оваа влада?

-Најтешко е да се раководи со партизирани безбедносни служби. Треба да поминат сите вработени низ безбедносно сито, да се забрани членување во политички партии и да се дадат јасни насоки и приоритети за работа. Еве на пример, да ги анализират пишувањата за криминал во медиумите, да се следат и обработуваат сите милионски јавни набавки итн. Системот за безбедност е реформиран но не и начинот и методологијата на работа, држењето до високи професионални стандарди. Партиите се борат за поголемо влијание и употреба на безбедносните служби за партиски и лични интереси.

Моето искуство кажува дека многу тешко се одлучува да се анализира работата на актуелни носители на власт. Борбата против криминалот мора да биде робусна и неселективна. Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое мораме да се справиме.

СЈО заврши на неславен начин, но граѓаните ги интересираат случаите кои се покренати и кои покажуваат како минатата власт и ВМРО-ДПМНЕ ја држела „малтене“ цела држава во свои раци и ја користела за свои цели и богатење на кадрите. Ќе видиме ли, според вас, пресуди за големите играчи или ова ќе биде уште една претстава за народот која ќе заврши со разочарување?

-Аболицијата на Ѓорге Иванов, коруптивниот распад на СЈО, очекуваната одлука од Меѓународниот суд за правда во Стразбург, некредибилното судство, партиските и мафијашките сојузи и влијанија, не дават гаранција дека ќе падне некој „капиталец“. Но, да не бидеме песимисти, доаѓаат млади генерации, треба да се борат за вредности, за чесност и секој да има можност со тоа да заработи и добро да живее.

Б.М.

  

 

Извор: Стандард

partners partners partners partners partners partners