Има ли политичка волја, како до правна и функционална држава?

23.10.2023

Има ли политичка волја, како до правна и функционална држава?

Идеалите на македонската револуционерна борба делумно се постигнати, слобода и самостојност имаме, но за до правна држава не чека далечен пат, сметаат политичарот Павле Трајанов и аналитичарот Петар Арсовски.

Според Трајанов наместо внесување на Бугарите во Уставот, за да си обезбедиме билет кон Европската унија мора да направиме коренети реформи во државата. Арсовски пак смета дека нам Европа не ни должни ништо, а освен домашните задачи, мора „да ја платиме цената“ и да ги направиме уставните измени.

И Трајанов и Арсовски се согласни дека мора да има надпартиска стратегија за клучните сектори, па освен правосудтвото, реформи испишани на хартија што ќе ги имплементира било кој што ќе дојде на власт, мора да има и за здравството и образованието.

Според Трајанов и Арсовски уредено општество не се добива преку ноќ или со некаков „бесплатен“ влез во Европската унија. Додека се поголем број на млади се иселуваат надвор од Македонија мора да се создадат услови за да сакаат да се вратат дома и револуционерниот идеал во целост да стане реалност.

 

Извор

partners partners partners partners partners partners