„Хашките случаи“ за техничкиот премиер се завршена приказна

19.2.2024

„Хашките случаи“ за техничкиот премиер се завршена приказна

Техничкиот премиер вели дека е завршена приказната со Хашките случаи, откако комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, побара да се поништи амнестијата и да се истражат досиејата кои што беа пренесени од Хашкиот трибунал.

„Само експерти може да оценуваат дали поништувањето на амнестијата е завршена работа или не“, вели пратеникот и претседател на ДС Павле Трајанов во однос на изјавата на техничкиот премиер дека Хашките случаи се завршена приказна, а законот веќе бил донесен.

Трајанов вели не постои Закон за амнестија со кои се опфатени Хашките случаи, туку автентично толкување на Парламентот врз основа на кое јавниот обвинител ја запре постапката за четирите Хашки предмети.

„И законот за кој сега говори Тaлат Џафери и автентичното толкување се спротивни на КЗ во кој има за кои дела не постои застареност, носење на таков закон и толкување е и спротивно на Уставот. Клучно е за тоа дека нема застареност се Женевските конвенции со кои кривичните дела против цивилите и човештвото апсолутно не застаруваат.“

Трајанов вели дека не постои начин Уставниот суд да не постапи по иницијативата која ја поднесе минатата недела за поништување на автентичното толкување на Законот за амнестија од 2002 со кој беа запрени постапките против сторителите на кривични дела поврзани со конфликтот од 2001.

„Господинот Талат Џафери е логично да ги брани позициите на водството на ОНА. Но еве јас ќе почитувам презумпција на невиност независно против кого се се водеше постапка и против кого сѐ треба да продолжи. Мислам дека овој пат со иницијатива до Уставен, тој не може да не постапи по иницијативата. “

Темата за повторното отворање на Хашките случаи доаѓа откако Комесарката за човекови права при Советот наа Европа, Дуња Мијатовиќ, пред еден месец испрати до Владата со препорака за поништување на амнестијата за Хашките случаи.

Пред Меѓународниот трибунал во Хаг имаше пет случаи поврзани со конфликтната 2001 во Македонија, од кои вратени назад беа четири „Водство на ОНА“, „Мавровски работници“, „Липковска брана“ и „Непроштено, а разврска доби само случајот „Љуботен“.

Со коалицискиот договор меѓу Груевски и Ахмети четирите случаи останаа на предистрага или истрага, освен „Мавровски работници“ кој стигна во фаза на судење.

Извор

partners partners partners partners partners partners