Демократски сојуз: Закон за Јавно Обвинителство без корумпирани и амнестирани
27.01.2020

Демократски сојуз: Закон за Јавно Обвинителство без корумпирани и амнестирани

Демократскиот сојуз ги повикува партиите од власта и опозицијата донесувањето на Законот за јавно обвинителство кој е од исклучителна важност за борбата против организираниот криминал и високата корупција и за нашите европски интеграции, да не го користат за партиски надмудрувања и предизборна политичка кампања.

Демократскиот сојуз смета дека во градењето на законските решенија на Законот за јавно обвинителство треба првенствено да се вклучат експерти и пратеници односно претставници на политичките партии против кои не се водат судски постапки или пак се амнестирани за тешки облици на криминал.

Бараме текстот на законот јавно да се објави, јавната расправа да биде пренесувана во живо преку собранискиот канал, и јавно, во писмена форма да се објават ставовите на партиите вклучени во преговорите за Законот за јавно обвинителство. Продолжувањето на „преговорите“ да се одвива пред медиумите.

Демократскиот сојуз смета дека за обвинители во одделот за организиран криминал и висока корупција треба да се бираат најстручните кадри, за кои нема никакви сомневања за инволвираност во криминал, професионалци кои уживаат углед во јавноста и за кои нема сомнение за политичка поврзаност, да се со висок професионален кредибилитет и интегритет и посебно, на никој начин да не се поврзани со криминалната афера „Рекет“.

Исто така, треба да се обезбеди висок степен на независност, двостепеност и контрола над работата на одделот за гонење на организиран криминал и корупција.

Демократскиот сојуз смета дека законот треба да биде во функција на ефикасно гонење на криминалот и високата корупција и затоа сме против гнили компромиси, политички пазарења и отстапки на штета на владеењето на правото и подеднакво важење на законите за сите.

partners partners partners partners partners partners