ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЗА РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ ДА НЕ СЕ ЗАЛАГАМЕ САМО НА 8 МАРТ

08.03.2023

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЗА РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ ДА НЕ СЕ ЗАЛАГАМЕ САМО НА 8 МАРТ


Демократски сојуз им го честита Меѓународниот ден на жената, 8 Март, на сите припаднички на женскиот пол, со искрена желба за нивна целосна рамноправност и еднаквост во општеството. 

Ги поддржуваме жените и натаму, секојдневно и безусловно да се борат и залагаат за унапредување на основните човекови права, како и за поголема економска, социјална и политичка рамноправност. 

Секоја жена треба да има право на достоинствена работа во безбедни и здрави услови, да има можност да ја унапредува својата материјално-социјална положба, да обезбеди живот ослободен од насилство и говор на омраза и да може непречено да се грижи за своето семејство.

За родовата еднаквост да не се залагаме само на Осми март и само декларативно. Демократски сојуз предлага да има што повеќе жени на позиции во Владата, во извршната власт на директорски места и како кандидати за градоначалници. Застапеноста 50-50 да не важи само за кандидатските листи за пратеници и советници, туку и за другите клучни државнички и локални функции. 

Ви посакуваме среќни и успешни денови и борбена истрајност.

partners partners partners partners partners partners