ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ВЛАДАТА ДА НЕ ГИ ДИСКРИМИНИРА МЕДИУМИТЕ
22.03.2020

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ВЛАДАТА ДА НЕ ГИ ДИСКРИМИНИРА МЕДИУМИТЕ

Демократскиот Сојуз ја повикува Владата на Р.С. Македонија да ја преиспита својата одлука и да им овозможи на сите онлајн медиуми што ќе се пријават директно да се вклучуваат односно да известуваат и да ги пренесуваат прес конференциите на Владата на Р.С.Македонија во врска со состојбите настанати поради епидемијата со коронавирусот.

Било каква дискриминација на медиуми и новинари во време кога информирањето на граѓаните е од исклучителна важност заради потребата од навремени и точни информации за состојбите со епидемијата и мерките што ги презема Владата е недозволиво и не е во согласност со демократските стандарди на функционирање на македонското општество дури ни во вакви вонредни околности.

Регистерот на професионални онлајн медиуми на ЗНМ и Советот на Етика на медиумите во Македонија не смее да биде изговор за укинување на акредитацијата на онлајн медиуми. Регистерот е етичка алатка и тој служи како саморегулативен механизам на онлајн медиумите во Македонија.

Укинувањето на акредитацијата за известување од пресконференциите на Владата и можноста за нивно директно пренесување онлајн само за медиуми што не се дел од регистерот може да се сфати како цензура која е забранета со Устав и недозволена во едно демократско општество.

ДС истовремено ги повикува сите медиуми да известуваат професионално и одговорно, да не шират лажнии вести и информации, да не создаваат паника во овие вонредни услови на зараза со коронавирусот.

Власта да води сметка за одговорноста и отчетноста и да ги пружа сите потребни информации на граѓаните, а политичките партии да се воздржат од политичка пропаганда и да помогнат во напорите за справување со кризата.

partners partners partners partners partners partners