ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ВИ ПОСАКУВАМЕ ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН
18.04.2020

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ВИ ПОСАКУВАМЕ ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН

Демократскиот сојуз на сите православни верници и на сите граѓани на Македонија им го честита Велигден, најголемиот христијански празник.

Годинава верниците празникот го слават во своите домови, обединете сите во желбата пандемијата да ја победиме и да се нормализира и продолжи животот како и пред тоа.

Во историјата досега не се случило верниците да не можат да отидат до црквите и манастирите, да ги сослушаат молитвите, да се поклонат пред Христа и да се помолат за добро здравје, соживот и мир.

Но оваа вонредна и кризна состојба, почитувајќи ги препораките за дистанца, ќе ја надминеме и ќе излеземе од неа посилни, единствени и сплотени.

На сите верници им посакуваме добро здравје, меѓусебно разбирање и почитување и фамилијарен мир.

Христос воскресна!

Навистина воскресна.

partners partners partners partners partners partners