Демократски сојуз: Шест месечната кампања ќе се одрази на стабилноста и бизнисот
06.11.2019

Демократски сојуз: Шест месечната кампања ќе се одрази на стабилноста и бизнисот


Демократскиот сојуз оценува дека предизборната кампања за предвремените парламентарни избори, договорени за 12 април 2020 година започнаа многу рано и спротивно на Изборниот законик.

Со партиските активности и нивното медиумско покривање, ќе заостанат реформите битни за продолжување на евроинтеграциските процеси, негативен одраз ќе имаат и врз стабилноста и економскиот развој.

Шест месеци се долг период за изборна кампања и тоа никаде не се случува.

Демократскиот сојуз предлага да се воздржат партиите од предизборна кампања се до законски определениот период, односно 20 дена пред денот на одржување на изборите.

Наредните три месеци додека заседава Парламентот да се искористат за измена на Изборниот законик, за Македонија да биде една изборна единица, да се донесе Законот за јавно обвинителство, да се донесат и други реформски закони и дебатира за се што треба Македонија да направи за да продолжи имплементацијата на европските вредности и стандарди (владеење на правото, борба против криминалот итн.).

partners partners partners partners partners partners