ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПОТПИШУВАЊЕ ПА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА
15.07.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПОТПИШУВАЊЕ ПА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА


Демократскиот сојуз е за транспарентност при носењето на сите одлуки од круцијално значење за граѓаните и државата, посебно кога се работи за прашања од витален национален интерес.

Во таа насока, треба граѓаните да бидат информирани и за разговорите кои се водат и со соседните држави, посебно со Грција и Бугарија, земји членки на ЕУ, со кои имаме отворени прашања и кои можат и натаму да ги блокираат нашите аспирации за членство во НАТО и ЕУ.

Демократскиот сојуз смета дека граѓаните, но особено опозиционата ВМРО ДПМНЕ, се добро информирани за содржината на договорот помеѓу Македонија и Бугарија што треба да се потпише на 2-ри Август.

На сите ни е јасно дека нема договор без компромис и од двете страни.

Опозицијата бара расправа во Парламентот, пред да се потпише договорот. Тоа е спротивно на досегашното искуство и процедури, затоа што секогаш, прво се потпишуваат договорите, а после тоа се расправа во парламентите и се носат законите за ратификација на договорите.

Повеќе од јасно е дека опозицијата и натаму сака "статус кво"и натамошна блокада на евроинтеграциските процеси.

ДС поддржува храброст, лидерство и преземање на одговорност за иднината и перспективите на Македонија и затоа инсистира и поддржува офанзивна дипломатија и иницијативи за решавање на отворените прашања со Бугарија и Грција.

partners partners partners partners partners partners