ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ ВО ПОСЕТА НА НЕГОТИНО, ДЕМИР КАПИЈА И ТИМЈАНИК
27.06.2020

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ ВО ПОСЕТА НА НЕГОТИНО, ДЕМИР КАПИЈА И ТИМЈАНИК

         

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и кандидат за пратеник од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, денес беше во посета на Демир Капија, Неготино и Тимјаник, каде разговараше со граѓаните за актуелните состојби, посебно за разрешување на проблемите поврзани со развојот на земјоделието, запирање на миграцијата и отворање на перспективи за економски развој.

Трајанов на средбите нагласи дека со членството во НАТО и пристапните преговори за влез во ЕУ, ќе се зголеми стабилноста и правната сигурност, ќе се отворат пазарите за производите од Македонија, ќе се зголемат домашните и странските инвестиции.

Трајанов ги повика граѓаните на 15 јули да излезат и да гласат, се со цел Македонија да продолжи да чекори по европскиот пат и да продолжи со градењето модерна и стабилна држава.

partners partners partners partners partners partners