ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПАРТИИТЕ И ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ ДА ГИ ПОВИКААТ ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ ПОЧИТУВААТ ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРЕПОРАКИ
01.06.2020

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПАРТИИТЕ И ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ ДА ГИ ПОВИКААТ ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ ПОЧИТУВААТ ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРЕПОРАКИ

Поради зголемениот број на инфицирани од вирусот Ковид 19, Демократскиот сојуз ги повикува сите политички партии да инсистираат кај сите граѓани да ги почитуваат препораките и мерките на Владата за заштита на здравјето на граѓаните и да го спречат ширењето на Корона вирусот Ковид 19.

Исто така, респектирајќи ја самостојноста на верските заедници и правото на верска определба на граѓаните, апелираме до верските заедници, да се вклучат со свои активности околу спречување на ширење на вирусот.

Само со железна дисциплина во почитување на мерките на социјална дистанца (носење на маски, држење на дистанца, миење на рацете и сл.), можеме да се заштитиме себеси и останатите и ќе придонесеме да се елиминира инфекцијата и намалат рестриктивните мерки.

Инаку, повторно воведување на полициски час, карантин и друг вид на ригорозни рестриктивни мерки, без граѓанска дисциплина, само ќе ги засилат негативните ефекти врз нормалното одвивање на животот и економијата.

Демократскиот сојуз укажува и на потребата од мобилизација на сите државни институции во превентивното дејствување во сузбивањето на пандемијата и намалување на негативните ефекти во сите области.

Полицијата и целокупниот систем за безбедност да дејствуваат многу поефикасно и ефективно.

partners partners partners partners partners partners