Демократски сојуз:Партиите да престанат да шират говор на омраза на социјалните мрежи
13.01.2020

Демократски сојуз:Партиите да престанат да шират говор на омраза на социјалните мрежи

Демократскиот сојуз ја поздравува одлуката на Министерството за внатрешни работи да ги испита заканите против новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, како и одлуката на директорката на Централниот регистер да му врачи отказ на заканувачот Емил Јакимовски.

Го повикуваме обвинителството веднаш да отвори предмет за овој случај, како и за сите други случаи на закана за физичко насилство, говор на омраза, дискриминација против новинарите.

Демократскиот сојуз ги повикува партиите од власта и опозицијата, пред се СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да престанат преку своите платени ботови да ги контаминираат социјалните мрежи со ширење лаги, партиска пропаганда и говор на омраза против политичките противници и критичките новинари и медиуми.Улогата на медиумите во предизборието е од исклучителна важност за демократски и фер изборен натпревар.

Новинарите треба да информираат слободно и самостојно без закани од политички и какви било други притисоци од моќници.

Говорот на омраза на социјалните мрежи мора да биде соодветно санкциониран.

 

partners partners partners partners partners partners