ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПАРЛАМЕНТОТ ДА УСВОИ РЕЗОЛУЦИЈА ЗА СТРАТЕШКИТЕ ДРЖАВНИ И НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

05.07.2021

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПАРЛАМЕНТОТ ДА УСВОИ РЕЗОЛУЦИЈА ЗА СТРАТЕШКИТЕ ДРЖАВНИ И НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

Демократскиот сојуз смета дека Собранието треба да расправа и да усвои Резолуција за стратешките државни и национални интереси поврзани со евроинтеграциските процеси, се со цел да се упати јасна порака и до Европската унија, но и до соседните држави дека никој нема право да го оспорува нашиот македонски национален идентитет, неговиот историски континуитет, како и јазикот, кој е едно од клучните обележја на секој народ.

Демократскиот сојуз инсистира на консензус при носење на Резолуција или Декларација на Собранието. За овие прашања потребен е и граѓански и политички консензус, а не тие да бидат причина за внатрешни поделби и собирање на дневно-политички поени.

Очекуваме расправа во Парламентот и подобрување на текстот на предложената Резолуција, за таа да биде основа за сплотување, помирување и надминување на внатрешните поделби и конфликти.

partners partners partners partners partners partners