Демократски сојуз: Намалување на паричните казни но и судските такси
03.12.2018

Демократски сојуз: Намалување на паричните казни но и судските такси

Демократскиот сојуз смета дека намалувањето на паричните казни за прекршоците е долго очекувана потреба од граѓаните и фирмите.

Со овие предлози на Владата на Република Македонија, во голема мерка ќе се намали партиското влијание и клиентелизамот, ќе јакне превенцијата, а со тоа и почитувањето на законите.

Демократскиот сојуз ја актуализира потребата и од намалување на судските такси, кои се многу високи и зависно од вредноста на спорот, тужителот треба да плати такса од 480 до 48.000 денари, без трошоците за нотар, вештачење и адвокат.

Доколку се жали на одлуката или бара ревизија, износот двојно се зголемува.

Демократскиот сојуз смета дека со намалување на паричните казни, судските (такси) и нотарските трошоци, се создаваат реални основи за усогласување на казнената политика со реалните состојби во државата и финансиските можности на граѓаните и фирмите.

partners partners partners partners partners partners