ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА НАСТАНИТЕ ВО ШУТКА
22.02.2019

Демократски сојуз: Кривична одговорност за настаните во Шутка



Државата е таа која е одговорна за безбедноста на осудените кои издржуваат затворска казна во казнено-поправните установи.

Јавното обвинителство треба да спроведе истрага за лицата за кои постојат основани сомненија дека се инволвирани во нападот на Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски.

Бараме да се преиспита работењето на Управата за извршување на кривични санкции, посебно од аспект на тоа осудените за тероризам на 40 години затворска казна, да бидат сместени заедно со лица за кои се води истрага и сл.

Директорот на затворот не може да води “истрага“ за разјаснување на овие настани во Затворот, бидејќи постои судир на интереси.

Истрагата треба да ја спроведе обвинителството, а комисијата формирана од министерот за правда треба да ја преиспита неговата работа, како и одговорноста на вработените во затворот. Овој настан мора да биде осуден и целосно расветлен за да не се повторуваат вакви случаи. Одговорноста е субјективна и не смее да се префрла на “имагинарен сторител“.



partners partners partners partners partners partners