ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ИТНО ВОВЕДУВАЊЕ ОНЛАЈН НАСТАВА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

17.03.2020

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ИТНО ВОВЕДУВАЊЕ ОНЛАЈН НАСТАВА ЗА УЧЕНИЦИТЕ


Во контекст на актуелните мерки на Владата за спречување на ширењето на Корона-вирус инфекцијата со која, меѓу другото, беше спроведена мерката за затворање на училиштата, Демократскиот сојуз предлага да се разгледа можноста за спроведување онлајн настава. Поводот за оваа иницијатива е неизвесноста од интензитетот и времетраењето на пандемијата. Големо прашање е дали учениците ќе можат да ја совладаат пропуштената наставна материја, доколку владините мерки се пролонгираат на подолг рок.

Предлогот на Демократскиот сојуз е Министерството за образование и наука итно да ја разгледа опцијата за онлајн настава, преку користење на најновите интернет комуникациски технологии, со цел секој ученик кој има компјутер да биде вклучен. 

Со овој предлог, Демократскиот сојуз го реактуелизира својот проект „Е-училишта за децата од дијаспората“ промовиран пред 11 години, чија цел беше учениците од македонско потекло кои живеат надвор од границите на Македонија, да им се олесни изучувањето на македонскиот литературен јазик и писмо, како и историјата и културата на нивната татковина. Проектот успешно беше спроведен во неколку држави во кои живеат македонски иселеници. 

partners partners partners partners partners partners