ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ ПОЧИТУВАТ ПРЕПОРАКИТЕ И ОДЛУКИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ

14.03.2020

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ ПОЧИТУВАТ ПРЕПОРАКИТЕ И ОДЛУКИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ

Демократскиот сојуз ги повикува граѓаните и компаните да ги почитуваат и имплементираат препораките и одлуките на Владата и другите надлежни институции за справување со Корона вирусот – Ковид 19. Само на тој начин ќе се забави ширењето на вирусот и здравствениот систем поефективно ќе се справува со оваа заразна болест.

Демократскиот сојуз во целост ги подржува мерките на здравствениот систем и иницира Владата да ја разгледа потребата од следните дополнителни мерки:

1. Да се активираат сите здравствени капацитети (од јавниот и приватниот сектор), соодветно подготват и снабдат со потребните медицински средства и лекови за справување со Корона вирусот. Во оваа насока да се спроведат и посебни мерки за заштита на докторите и другиот медицински персонал, со цел да можат да ја пружат нeпходната лекарска помош на потенцијалните пациенти.

2. Да се овозможат услови (хигиенско-епидемолошки) за непречено функционирање на фирмите за производство на храна, лекови, вода, енергија, заштитни средства и сл.

3. Да се преземат мерки за ублажување на економските ефекти од мерките кои се преземаат, посебно на оние кои трпат најмногу последици; хотелите, угостителските објекти и др.

4. Транспорните компании да се помогнат со финансиска и друг вид на помош за снабдувањето на граѓаните да се одвива непречено.

5. Владата да прогласува кризна состојба секаде каде е неопходно и граѓаните доследно да се придржуваат до насоките.

Демократскиот сојуз смета дека со навремени мерки може ефективно да се справиме со ширењето на епидемијата.

Идеите за прогласување на вонредна состојба треба многу внимателно да се разгледуваат и во никој случај да не се избрзува пред да се исцрпат другите можности и мерки (изолација, воведување кризна состојба итн).

Воедно укажуваме дека некои од подрастичните мерки (затворање на гранични премини, забрана на влез во нашата земја и сл), треба да се усогласуваат со ЕУ и соседните држави.

Медиумите и социјалните мрежи да објавуваат и пренесуват информации и насоки за постапување само од релевантни институции и да се спртивстават на лажните вести како начин за создавање паника.

partners partners partners partners partners partners