Демократски сојуз: Формиран централен изборен штаб

12.01.2024

Демократски сојуз: Формиран централен изборен штаб

На денешната седница на Претседателството на Демократскиот сојуз беше разгледана нацрт верзијата на Изборната програма, каде врвен приоритет ќе биде создавање услови за младите да останат во Македонија, како и темелни реформи во уставното уредување,  судскиот систем, борбата против криминалот, систем на вредности без Бадентер и Балансер итн.

Демократскиот сојуз формира Централен изборен штаб, со кој ќе раководи Зоран Димитровски, генерален секретар на ДС, а во него се вклучени и потпретседателите на ДС, Зоран Петров и Весна Стоименовска, како и Елисавета Јаневска, претседател на Демократскиот сојуз на жените и Богоја Петровски, претседател на младите на ДС.

Ќе се формираат и изборни штабови за 6-те изборни единици, како и во 46 општински организации на ДС.

partners partners partners partners partners partners