ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ФЕР И СЛОБОДНИ ИЗБОРИ
16.10.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ФЕР И СЛОБОДНИ ИЗБОРИ

Демократскиот сојуз оценува дека  вчерашните локални избори беа демократски, фер и пред се слободни, без насилство, притисоци, клиентелизам, фалсификати или било какво кршење на изборниот процес.

На овие избори победија граѓаните  кои излегоа на гласање и слободно ја искажаа својата цврста решеност и определба за промени и реформи, при што мнозинството ги поддржаа политиките на Владата на Република Македонија, за еднаквост на сите граѓани, правда и ефикасна борба против криминалот, разрешување на отворените прашања со соседите и деблокирање на процесите за полноправно членство во НАТО и започнување на преговорите за влез во Европската унија.

Победата на кандидатите за градоначалници и советници на Коалицијата предводена од СДСМ е чиста како солза и најмалку што треба раководството на ВМРО ДПМНЕ  да  направи е да ги признае резултатите  и да ги поддржи реформските процеси во државата.

partners partners partners partners partners partners