ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДА СЕ ИСТРАЖИ СЛУЧАЈОТ СО КОРОНА ВИРУС ВО ВЕЛЕС
11.04.2020

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДА СЕ ИСТРАЖИ СЛУЧАЈОТ СО КОРОНА ВИРУС ВО ВЕЛЕС

Случајот во Велес каде починаа мајка и син (наводно пред три месеци), при што покасно е утврдено дека кај мајката има Корона вирус, создаде доста конфузија, неконзистентни изјави и лажни вести, вклучително и веста дека Корона вирусот Ковид-19 во Македонија бил присутен уште во Декември 2019 година и слични шпекулации.

Демократскиот сојуз предлага овој случај до крај да се истражи и откако ќе се расчистат и утврдат сите елементи, да се информира јавноста, а тие што лекомислено даваат непроверени  информации да понесат одговорност.

Инаку правовремени и вистинити информации се клучни за градење доверба кон државните институции и здравствените власти.

partners partners partners partners partners partners