ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЧЕСТИТ ПРАЗНИК 11 ОКТОМВРИ!

11.10.2020

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЧЕСТИТ ПРАЗНИК

Демократскиот сојуз на сите граѓани на РС Македонија им го честита 11 октомври, Денот на востанието на македонскиот народ кој заедно со другите народи во Македонија во 1941 г. се крена на борба за ослободување од фашистичкиот окупатор и за национална и социјална правда и слобода.

Овој ден треба да го чествуваме за да не потсетува дека слободата, демократијата, просперитетот не ни се подарени и еднаш засекогаш дадени, туку дека постојано треба да се бориме за нив.

Патот на нашата држава кон членство во Европската Унија е јасно зацртан, иако имаме уште многу пречки, но таму ќе стигнеме доколку како и нашите предци, посветено и жестоко се бориме со денешните предизвици, пандемијата со коронавирусот, за правна држава и владеење на правото, против организираниот криминал и корупцијата, за повеќе демократија и слобода, за економска благодет на сите наши граѓани.

11 октомври нека биде инспирација да истраеме во тие напори.

partners partners partners partners partners partners