Демократски сојуз: Ахмети повлечи ја "Платформата"

03.03.2017

Демократски сојуз: Ахмети повлечи ја "Платформата"

Демократскиот сојуз, го повикува Али Ахмети, во интерес на мирот и стабилноста на Република Македонија, како и создавање основни предуслови за владеење на правото, да ја повлече таканаречената "платформа".

Оваа платформа се искористи за досега невидена пропаганда од раководството на ВМРО ДПМНЕ и создаде поделби и чувство на несигурност и меѓусебни конфронтации помеѓу граѓаните.

Се работи за специјална војна со поттикнување на протести,како можен вовед во дестабилизација и граѓанска војна.

Повлекувањето на платформата ќе ги елиминира аргументите на лажниот патриотизам.

Со овој потег ќе се создадат услови да се формира реформска Влада, а дебатата за сите отворени прашања ќе се одвива во Парламентот.

 

partners partners partners partners partners partners