ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: АБОЛИЦИЈАТА Е ПОНИШТЕНА
19.05.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: АБОЛИЦИЈАТА Е ПОНИШТЕНА

Демократскиот сојуз укажува на тоа дека Врховниот суд во Грција, својата одлука за одбивање на барањето за екстрадиција за Бошковски и Грујовски ја заснова на поништена одлука за аболиција.

Како што е познато во почетокот на 2016 година Ѓорге Иванов донесе одлука за аболиција на 56 лица, повеќето од нив носители на високи државни и политички функции.

Меѓу аболицираните беа и Бошковски и Грујовски.

Под притисок на јавноста, во јуни 2016 година, оваа одлука Ѓорге Иванов, ја повлече односно ја поништи, со што истата не може да се користи како основ за ослободување од кривична одговорност или за одбивање на барање за екстрадиција.

Одлуката на Врховниот суд во Грција отвора дилеми дали надлежните институции (Министерството за правда, Кривичниот суд што ја води постапката против  Бошковски и Грујовски и др.) во Република Македонија ги презентирале сите факти пред судовите во Грција.

Овој случај само ја потврдува потребата од итни, сериозни и длабински реформи и во судскиот систем и  државната администрација.

За овој и за многу други случаи треба детална анализа и утврдување на одговорноста на сите кои го кршат уставот и законите.

partners partners partners partners partners partners